Четири борби за титулите на Глори 77

Најголемата кик бокс организација во светот Глори впечатливо ќе ја почне новата 2021 година. На крајот на месецот во Холандија, организацијата ќе биде домаќин на настанот ГЛОРИ 77, кој вклучува четири борби за титулата.

Главната борба е за титулата во тешка категорија. Рико Верховен ќе ја брани титулата против Џамал Бен Садик. Во втортаа по значење битка, шампионите Алекс Переира и Артем Вахитов ќе се борат за неприкосновена титула во полутешка категорија.

Шампионите во полусредна категорија Седрик Дамбе и Муртел Гроенхарт ќе ги обединуват титулите во категоријата. Шампионката во петел категорија Тифани ван Соест ќе го брани тронот против Алин Переира.

Еве како изгледа борбената карта досега:
Рико Верховен – Џамал Бен Садик
Артем Вахитов – Алекс Переира
Седрик Думбе – Муртел Гроенхарт
Тифани ван Соест – Алин Переира
Луис Таварес – Суринам Донеги Абена
Тарик Хбабез – Антонио Плазибат
Раул Шетинаш – Романија Мартин Пакас
Ита Гершон – Франс Герик Билет


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО