Честитки на јавна сцена за селекторот Борче Костовски од првиот човек на светското таеквонодо Чое Чунг Вон

Македонскиот селектор Борче Костовски доби честитки на јавна сцена од првиот човек на светското таеквонодо Чое Чунг Вон.

Имено, претседателот на Светската таеководно федерација, Чое Чунг Вон, денеска на главниот таеквондо состанок пред почеток на Олимписките игри во Токио, јавно пред сите на самиот собир му честиташе на претседателот на Македонската таеквондо федерација Борче Костовски за огромниот напредок на овој олимписки спорт во Македонија.

Честитката особено била насочена кон обезбедената А олимписка норма на Дејан Георгиевски и првото учество на Македонија на олимписки игри во дисциплината таеквондо.

„Чекориме цврсто, чекориме сигурно!“, порачуваат од МТФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON