Чекор поблиску со спектаклот! Џошуа и Фјури го одбраа местото за одржување на мечот за обединување на титулите

Еди Херн, главниот организатор на боксерскиот спектакл помеѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, потврди дека обете страни го прифатиле предлогот за местото. Сопственикот на Мечрум бокс истакна дека борбата за апсолутен светски шампион е се поблиску, датумот допрва треба да се одреди.

„Двата тима го потврдија местото на одржување на мечот и сега можат да го финализираат. Понудата беше добра и сите се согласивме со тоа, да продолжиме понатаму“, рече Еди Херн и додаде:

„Сè уште не можам да ви кажам каде ќе се одржи мечот, но обете страни го прифатија предлогот. Ќе го знаеме датумот наскоро и тогаш можеме официјално да го објавиме спектаклот“.

Во последно време најмногу се зборуваше за тоа каде може да се организира средбата во Саудиска Арабија или во некоја од соседните земји.

Неодамна, Еди Херн и градоначалникот на Лондон Садик Кан се согласија дека би сакале борбата да се води на Вембли, но тоа тешко дека ќе се случи поради епидемиската состојба со коронавирусот.

Можеби враќањето ќе биде во Лондон, но само на крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО