Чедо Николовски е избран за претседател на БК Вардар (ФОТО)

Чедо Николовски е избран за претседател на БК Вардар на денешното изборно Собрание, што се одржа во просториите на Општина Бутел.

До Собранието беа пристигнати две пријави на објавениот конкурс за претседател на БК Вардар од Чедо Николовски и Љубиша Пешко.

„Бидејќи Пешко не беше присутен, јас едногласно бев избран за претседател. Се надевам дека во иднина ќе му помогнам на клубот рамноправно да се носи со останатите клубови. Ги повикувам сите поранешни борачи и симпатизери на Вардар да ни се придружат –  заедно сме посилни“, напиша Николовски на својот ФБ профил.

На Собранието е усвоен извештајот за минатата година, при што е укажано на пропустите, но и на добрите работи во изминатиот период. В.д. претседателот Ацо Јорданов се заблагодари на довербата што му беше укажана во изминатиов период во кој се реализирани сите активности предвидени со календарот на ФБСМ.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON