Во вторникот (26 февруари) во Скопје се одржа отчетно Собрание на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) на кое една точка (шестата) беше многу интересна: „Финансиски извештај од ревизија за 2013, 2014 година и записник информација од Управен одбор за вратени технички електорнски средства од ЕП 2013“. Ова беше прашање кое изминативе години наназад предизвика многу бура во ФБСМ и јавноста. Паднаа или се откажаа претседатели и управни одбори. Ванчо Чифлиганец кој ја започна ревитализацијата по само неколку месеци се откажа од функцијата токму заради овој случај, кажувајќи дека политички притисок, а и Комисијата формирана од него на чуден начин се распадна. Потоа и новото раководство формира Комисија за истиот случај, со став дека ќе расчисти со минатото. На минатогодишното Собрание оваа точка повторно беше поставена на дневен ред, за сега да добие конечна разрешница дека се е во ред.
За жал, медиумите не беа повикани, така што не можевме изворно да се запознаеме со одредени работи.
Сепак, на ова Собрание околу наведената точка доаѓа до целосен пресврт, така што поранешниот претседател Чедо Николовски, на кого на едно Собрание не сакаа да му го сослушаат извештајот за работата и спорните пари, бил во право со тврдењата и сега ФБСМ му должи пари на него.
До оваа информација дојодвме токму од Чедо Николовски, кој се мислел дали да оди или не на ова Собрание. Тој ни понуди и повќе документи во однос на она што го тврди и што е констатирано на Собранието.
„Да бидат констатирани авансите за Лулзим Вренези, Дејан Митров, Могамед Ибрагимов што и ги даде Федерацијата. На Мирко Димчевски и Александар Рангелов да им се даде 10 дена да се очитаат или ќе се поведат постапка против нив. За мене беше констатирано, со 127.000 денари што ги уплатив минатата година, дека сум покриен и се е регуларно. Но, кога ќе ја донесам сметката (фактурата) од Унгарија за Светското првенство во висина од 3.230 евра да ми биде исплатен целиот износ“, вели Чедо Николовски.
Никовски се навраќа на историјатот на случајот и спроведените ревизии. Тој истакнува дека по извештајот на „Колсантиг Рафајловски“, паоповторната ревизија од овластен ревизор е констатирано дека дал 200.000 илјади денари за „Македонскиот бисер“ во Радовиш во 2014 година.
„Додека 127.000 денари се од изгубената фактура од Унгарија кои минатата година ги уплатив, а за кога ќе ја добијам фактура да ми бидат исплатени во целиот износ (ова беше констатирано и на сегашното Собрание)“, посочува Николовски.
Понатаму Николовски наведува колку пари тој самиот дал на Федрацијата: 1.000 евра опрема за Европските игри во Азрбејџан 2015 година, 1.000 евра за опрема во Унгарија, 1.000 евра компезација во Вип Турс, 800 евра за плакети, пехари и слично, 700 евра за судија за Македонскиот бисер…
Ipon.mk