Чеченскиот претседател нокаутира УФЦ борец (ВИДЕО)

nokaut_kadyrov

Чеченскиот претседател, но исто така и апсолутен владетел на таа земја, Рамзан Кадиров осамна на занимлив начин, па дури и бизарно видео на YouTube. Во стилот на неговиот пријател и заштитник, Владимир Путин, Кадиров покажаа дека неговата љубов за боречки вештини не само за организацијата Ахмат фајт шоу, кое се организира во чест на неговиот татко.

Имено, Кадиров е снимен како во рингот го нокаутира УФЦ борецот Абдул-Керим Едилов. 24-годишниот Чеченец во кариерата има скор 16-4, а од неодамна потпиша договор со елитна промоција и сега чека дебито против Францимара Баросо на 17 јануари во Бостон. Со Кадиров го врзуваат роднинските врски, однонсо тие двајца се братучеди.

Како што Путин лови трофејни лососи во сибирските реки и постигнува голови во хокеј против професионалци во КХЛ, така и Кадиров одлучи да му покаже на неговиот братучед дека може да го нокаутира, иако е тој само диктатор, а овој УФЦ борец.

Секоја чест Рамзан! Честитки!

https://youtu.be/wG1mmRcdUO0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО