Хавиер Мендез, тренерот на Хабиб Нурмагомедов и Ислам Махачев, го советуваше Чарлс Оливеира да бара меч со Конор Мек Грегор.
Откако Оливеира го победи Дастин Пориер и ја одбрани титулата на УФЦ 269, многумина очекуваа во догледна иднина тој да се соочи со Џастин Гејџи. Но наместо тоа тој се насочи кон Конор Мек Грегор, а Ирецот рече дека е подготвен за таков меч. Иако „Ноториус“ има два последователни порази, Мендез смета дека Бразилецот треба да се фокусира на оваа битка од прозаична причина.
„Следи ги парите… УФЦ е бизнис и треба да го правите она што е правилно.
Борците достигнуваат ниво каде што избираат дали ќе ја бркаат титулата или ќе бркаат пари. Сега кога Оливеира ја има титулата, треба да ги следи парите.
Кој може да му обезбеди највисокиот надоместок на Оливеира, тој треба да биде неговиот следен противник“.
Оливеира нема противник во моментов, но Мек Грегор навистина има шанси да се соочи со него за титулата. Како што вели Мендез, оваа борба несомнено ќе биде најголема, но дефинитивно ќе го налути Џастин Гејџи, а и не само тоа…
Засега, сепак, Мек Грегор се уште се опоравува од повредата на ногата и неговото враќање е планирано за налето. Оливеира последен пат се бореше минатиот месец и неговото враќање во октагонот се уште не е планирано.