Поранешниот шампион во лесна категорија Чарлс Оливеира загуби два од последните три меча. Последниот пораз го доживеа во април кога загуби со поделена одлука од Арман Царукјан.
Бразилскиот борец има намера што поскоро да се врати во октагонот и истакнува дека нема смисла да се бори против противник од понизок ранг.
„По последниот натпревар веднаш барав нова борба. Не сум повреден, но имам расекотина над окото која веќе зарасна. Повторно сакам да се борам со борците кои се пред мене по редослед. Следниот чекор е многу важен за мојата кариера“, изјави Чарлс Оливеира и продолжи:
„Во лесна категорија премногу работи се случуваат, Махачев против Пориер и Мек Грегор против Чендлер. Јасно е дека не можат да избрзуваат со некои натпревари против врвни борци. Но, еве, би сакал да се борам со Џастин Гејџи, но сега му треба подолга пауза“.
Оливеира и Гејџи се степаа во 2022 година, а потоа Бразилецот победи со завршница.
До Бронкс нема ништо против да направи меч во полусредна категорија ако тоа му донесе „борба за титулата, славата и парите“.