Чарлс Оливеира повеќе нема желба да го прозива Мек Грегор, оти си ги бира противниците

Многу борци сакаат да се борат со Конор Мек Грегор, кој останува една од најголемите ѕвезди на УФЦ.

Борбата против славниот Ирец носи многу пари, па не е чудно што одвреме-навреме некој го прозива Конор.

Еден од нив беше поранешниот шампион во лесна категорија, Чарлс Оливеира. Бразилецот често прозиваше Ноториус, кој не му одговараше.

Оливеира повеќе нема желба да бара меч против Мек Грегор.

„Таа борба би донела многу пари. Но, не мислам дека Мек Грегор е некој што треба да се промовира. Ја побарав таа борба и никогаш не ми одговори. Ќе бидам подготвен да се борам со него истиот ден кога тој ќе посака, но повеќе нема да го прозивам“, изјави Чарлс Оливеира и продолжи:

„Мек Грегор одамна стана кокошка. Како што рече Рафаел дос Аночс, противниците ги бира со прст. Мислам дека гледа во борците што може да ги победи и дури потоа го потпишува договорот. Во право е што не сака да се бори со мене, затоа што знае што би се случило со него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON