Чарлс Оливеира откри со што се се соочил откако го изгубил појасот: Татко ми плачеше како дете

Бразилецот Чарлс Оливеира во мај, во пресрет на последниот меч против Џастин Гејџи, го загуби појасот во лесна категорија, бидејќи на официјалното мерење тежеше 200 грама повеќе од дозволената граница.

Откако не успеа на мерењето, УФЦ му го одзеде појасот.

Тоа беше голем шок за До Бронкс, но тоа не го спречи на патот до нова победа. Оваа вест го шокираше и неговото семејство.

„Татко ми тешко го прими тоа, плачеше како дете. Му реков да се смири и ќе го поправиме. Но, продолжи да плаче“, изјави Чарлс Оливеира.

На УФЦ 274 До Бронкс го победи Џастин Гејџи со завршница (гушење од позади) во првата рунда. Има можност да си ја врати титулата на 22 октомври во меч против Ислам Махачев.

„За мене оваа борба е нова одбрана на титулата. Појасот е мој“, истакна Чарлс Оливеира и додаде:

„И минатиот пат ослабев, сигурен сум во тоа. Се чувствувам како да сум ограбен. Беше многу тешко, таткото плачеше, а ќерката ме праша зошто немам појас. Но, покажав кој е најдобар“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON