Чарлс Оливеира објави фотографии од повредата, Дана го критикуваше: Требаше прво да ни се јави, можевме да го решиме ова!

Како гром од ведро небо утрово дојде веста дека Чарлс Оливеира нема да учествува на УФЦ 294 настанот следната недела против Ислам Махачев, а наместо него во кафезот со Ислам ќе влезе Александар Волкановски. Ова израдува многу фанови, бидејќи повеќето од нив многу добро се сеќаваат на секој момент од нивната прва средба.

УФЦ 294 на тој начин доби нов „главен настан“, а Махачев и онака го чека голем реванш. Причината поради која Оливеира мораше да се повлече од борбата беше повреда, а сега е појасно за што точно се работи и зошто „До Бронкс“ не може да настапи следната недела.

Во видеото објавено на својот Твитер профил, Чарлс Оливеира им се извини на навивачите и објави фотографии од повредата која го оддалечи од овој натпревар. Се работи за страшна исекотина над десното око, а видеото можете да го погледнете овде:

https://twitter.com/CharlesDoBronxs/status/1711960181586669587?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1711960181586669587%7Ctwgr%5E40d2b00857e26da62f02cc33b6eb348e0dac0269%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ffightsite.hr%2Ffightsite%2Fufc%2Fvideo-charles-oliveira-objavio-fotografije-ozljede-dana-ga-kritizirao-trebao-je-prvo-nazvati-nas-mogli-smo-ovo-rijesiti-15383077

За оваа повреда се огласи и претседателот на УФЦ, Дана Вајт:

„Ништо не ни кажаа. Ќе го испратиме кај пластичен хирург кој ќе го сошие резот одвнатре. Знаете, веднаш би го решиле. Овие момци никогаш не ни се јавуваат кога ќе се случи вакво нешто. Ќе ни се јават кога ќе се сошие. Но, од друга страна разбирам зошто не сакаше да ризикува“, изјави Дана.

Пластичен хирург веројатно би можел да го поправи овој исечок и да му дозволи на Оливеира да се бори следната недела, но сега е готово бидејќи тие не го направија тоа. Махачев сега се соочува со Алексадер Волкановски, кој веројатно е уште потежок предизвик за него, а навивачите се прилично возбудени поради тоа што ќе го видиме тој реванш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON