Најдобриот борец во лесна категорија Чарлс Оливеира признава дека не сакал да се бори со Ислам Махачев.
Бразилецот го загуби појасот во мај пред последниот меч против Џастин Гејџи.
Имено, на официјалното мерење тој беше за 200 грама потежок од дозволената граница, а УФЦ му го одзеде појасот.
На УФЦ 274 До Бронкс го победи Џастин Гејџи со завршница (гушење од позади) во првата рунда.
На 22 октомври Чарлс Оливеира ќе се обиде да ја врати титулата во лесна категорија во мечот против Ислам Махачев.
Нивниот меч ќе биде главен на настанот УФЦ 280 во Абу Даби.
„Не ја сакав таа борба и сите го знаат тоа. Сакав да заработам добри пари од уште една борба, но член сум на УФЦ и морав да го прифатам тој меч“, изјави Чарлс Оливеира, осврнувајќи се на потенцијалната борба против Конор Мек Грегор и додаде:
„Се обидовме да преговараме, побаравме мечот да се одржи во Њујорк, но тие се одлучија за Абу Даби. Но, кафезот е ист во секоја сала, каде и да е“.
Оливеира и Махачев се во одлична форма, Бразилецот има 11, а Дагестанецот десет победи во низа!