Чарлс Оливеира мисли дека Конор Мек Грегор се плаши да се бори со него.
Оливеира ќе се врати во октагонот на главниот настан на УФЦ 289 против Бенеил Дариуш. Ова е прва борба на Бразилецот откако во октомври претрпе пораз од Ислам Махачев за титулата во лесна категорија. Беше разочарувачки резултат за Оливеира да не биде повторно шампион, но по поразот почувствува дека сепак може да води голема борба и го спомена Мек Грегор како можност.
Сепак, Мек Грегор е тренер на ТУФ 31 против Мајкл Чендлер и двајцата треба да се борат кон крајот на оваа година, што е разочарувачки за Оливеира.
„Сите знаат дека Конор ме избегнува“, изјави Оливеира за Спортс илустрејтид. „Неговата борба против Чендлер ќе биде одлична, но секој може да потврди дека ме избегнува. Лично, мислам дека Чендлер ќе победи. Конор е многу стратешки и може да се бори – но нема да се бори со мене”.
Иако Чарлс Оливеира чувствува дека Конор Мек Грегор го избегнува, тој не е загрижен поради тоа бидејќи е фокусиран на неговиот меч против Бенеил Дариуш на УФЦ 289. Во пресрет на борбата Дариуш изјави дека ќе доминира со Оливеира, што, според поранешниот шампион, е очигледна грешка.
„Дариуш е голем борец. Тој е еден од најдобрите во светот. Ако мисли дека ќе доминира со мене, греши. Јас ќе бидам тој што ќе замине со крената рака”, изјави Оливеира.
Ако Чарлс Оливеира навистина го победи Бенил Дариуш на УФЦ 289, очекува да добие шанса за титулата и да има реванш со Ислам Махачев. Знае дека минатиот октомври не се борел со својот потенцијал, но вели дека поразот го направила гладен да си ја врати титулата.
„Веќе не сум шампион, тоа менува сè. Се будам рано, останувам до доцна и размислувам како да го вратам појасот. Секогаш размислувам за него. Да го вратам појасот, тоа е мојот фокус”, заклучи Оливеира. „Тоа е мојата цел. Ако се претставам добро во сабота, ќе се борам за титулата“.