Опасниот Бразилец Чарлс Оливеира не му даде никакви шанси на поранешниот шампион во лесна категорија Тони Фергусон. Тие во подглавната борба на УФЦ 256 во Лас Вегас. Фергусон беше фаворит на мечот, но не успеа да докаже дека заслужува да победи. Тој не беше ни близу до победата.
Во првата рунда двајцата разменија тешки удари, по што Бразилецот ја пренесе битката на партер. Таму тој беше во сопствените води и не престана да му нанесува тешки удари и му се закануваше со завршница. На крајот од рундата Оливеира му направи лост на раката (армбар), но Тони не се предаде, а Бразилецот најверојатно му ја скрши раката. Се виде дека Тони има проблем со оваа рака и ретко ја користеше.
Следните две рунди се одвиваа целосно под диктат на Бразилецот, кој не сакаше да ризикува со борба на нога и ја пренесуваше на пратер. Оливеира правеше што сака на партер со Фергусон и забележа повеќе од 10 минути контрола во битката. На крајот, Тони не успеа со ништо да му се спротивстави на Оливеира и дојде до победа. Судиите пресудија во корист на Бразилецот – (30-26, 30-26, 30-26).
Ова е 8-та последователна победа за Оливеира, што е најголема во неговата кариера и ќе го помести во топ 3 во лесна категорија. Несомнено, Чарлс заслужува најмногу да се избори за борба за титулата по ваквата победа. Тонивлезе во серија од два последователни порази и очигледно Хабиб Нурмагомедов беше во право дека Тони завршил со големите борби.