Чарлс Оливеира го нокаутира Бенеил Дариуш во првата рунда (ВИДЕО)

Чарлс Оливеира го нокаутира Бенеил Дариуш.

Тие се пресметаа во главната борба на настанот УФЦ 289, кој се одржува во Канада. Мечот беше важен за дивизијата во лесна категорија затоа што ќе го даде кандидатот за титулата. Оливеира е поранешен шампион, но сепак во борбата влезе како благ аутсајдер.

Дариуш започна со силен низок удар, а Оливеира возврати со висок удар. Двајцата го скратија растојанието и влегоа во клинч. Оливеира можеше да го повлече Дариуш на партер, но заврши на грб. Чарлс помина неколку минути на грб додека Дариуш го мелеше и удираше.

Чарлс исто така задаваше удари од лежечка позиција, но го губеше мечот во очите на судиите. На крајот, Оливеира успеа да стане и да преземе иницијатива. Чарлс со висок удар го повреди Дариуш, а потоа со десно кроше го испрати на подот.

Дариуш го фати за ногата во обид да преживее, но Чарлс беше наострен како питбул и го опсипа со удари. Судијата виде доволно и ја прекина борбата во последната минута од првата рунда. Чарлс победи со нокаут и заработи реванш со Ислам Махачев.

Со оваа победа Оливеира се врати во победничка серија. Претходно загуби со заврфшница од Ислам Махачев на крајот на 2022 година во Абу Даби. Само Махачев успеа да го победи Оливеира во неговите последни 13 борби во УФЦ. Чарлс сега има 20 победи до завршницата во УФЦ, со што го подобри својот скор.

Дариуш, пак, се раздепи со серијата од 8 последователни победи. Очигледно дека нема да стигне до титулата во категоријата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО