Чарлс Оливеира: Дос Анчос ќе го победи Махачев

Чарлс Оливеира верува дека неговиот сонародник Рафаел дос Анчос ќе го победи Ислам Махачев. Тие ќе се борат во лесна категорија на УФЦ 267 кон крајот на октомври во Абу Даби.

Махачев е во голема серија победи и верува дека ќе добие шанса за титулата со победа над дос Анчос. Рафаел е поранешен шампион во лесна категорија и верува дека доколку го победи Махачев ќе се врати во игра за титулата.

Оливеира моментално е шампион во категоријата и верува дека Рафаел ќе победи бидејќи има повеќе искуство.

„Со сета почит кон Махачев, но пред тоа тој се сретна со ривалите кои го третираа со прекумерна почит, дозволувајќи му да го наметне својот стил.

Дос Анчос има силни раце и многу високо ниво на џиу џицу. Тој ќе му постави друга задача на Махачев. Ќе има војна и мислам дека Дос Анчос ќе победи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО