Чарлс Мартин се врати со нокаут (ВИДЕО)

Чарлс Мартин, кој е поранешен светски шампион во тешка категорија на ИБФ, се врати во професионалниот ринг со нокаут! Американецот го нокаутира противникот Девин Варгас во четвртата рунда на боксерската гала во која во главнaтa борба Енди Руиз го совлада Луис Ортиз!

Настанот се одржа во „Crypto.com Arena“ во Лос Анџелес, САД.

Борбата беше прва за Мартин откако претрпе пораз со нокаут од Луис Ортиз претходно оваа година.

Мечот беше емитуван на Premier Boxing Champions (PBC) на каналот на Фокс на Јутјуб.

Чарлс Мартин почна од почетокот на мечот со притисок врз противникот и дефинитивно беше поактивен боксер.

Поранешниот светски шампион на еден напад во четвртата рунда го турна Варгас на јажињата, оставајќи го неспособен да се одбрани. По неколку пласирани удари судијата интервенираше и ја прекина борбата!

Победата е прва за Мартин (29 победи (26 со нокаут), реми и 3 порази) по нокаутот во шестата рунда на Џералд Вашингтон во февруари 2020 година, непосредно пред пандемијата.

Чарлс, кој тренира и живее во Карсон, Калифорнија, има 6-3 (5 КО) откако ја освои титулата на ИБФ во тешка категорија со прекин во третата рунда над Вјачеслав Гласков во јануари 2016 година. Тогаш кратко време ја задржа титулата (три месеци), по што беше нокаутиран во втората рунда од Ентони Џошуа.

Варгас има биланс од 22 победи (9 со нокаут) и 8 порази, при што Американецот влезе во серија од два последователни порази (првиот беше против Жилеи Жан од Кина во 2020 година).

https://www.youtube.com/watch?v=DL-w0pWS1lg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON