Андреј Чакаровски (90 кг) е порзен во репасажот на џудо турнирот на Медитеранските игри во Оран, Алжир, од Србинот Дарко Брашановиќ со ипон.
Чакаровски прво славеше против Либанецот Карамноб Сагаипов, кој не се појави на татамито. Потоа во четврфиналето се бореше со еден од најдобрите џудисти Михаел Зганк од Турција, од кого загуби со ипон, но го повлече во репасажот.