Познатиот ММА коментатор и поранешен борец Чаел Сонен верува дека Нејт Дијаз еден ден би можел да се врати во УФЦ и покрај тоа што сега има 38 години.
„Не се сомневам дека Дијаз ќе се обиде да се врати во УФЦ откако ќе го победи Џејк Пол во боксерски меч. Верувам дека сака да се бори за појасот „БМФ“ – изјави Чаел Сонен.
Нејт Дијаз минатата година ја напушти промоцијата по победата против Тони Фергусон и сега ќе боксира против познатата Јутјуб ѕвезда на 5-ти август на настан во Далас.
„Откако ќе заврши со Џејк Пол и ќе победи, Нејт Дијаз ќе изјави: „Се враќам во УФЦ“! – истакна Чаел Сонен и продолжи:
„И би се вратил само поради една работа што му избегала. Мислам дека сè уште има желба да го освои појасот „БМФ“, бидејќи не му се допаѓа како ја пропушти шансата. Можеше да каже дека докторот го прекинал мечот по 15 минути, а борбата била закажана за 25. Затоа верувам дека ќе се обиде да се врати во УФЦ.
Нејт Дијаз и Хорхе Масвидал се бореа во ноември 2019 година за појасот „БМФ“, а Гејмбред победи со прекин по третата рунда.
Дастин Пориер и Џастин Гејџи ќе се борат за тој појас на 29 јули на УФЦ 291 во Солт Лејк Сити.