Чаел Сонен: Џон Џонс ќе се бори со Павлович во август

Френсис Нгану повеќе не е дел од УФЦ, но на негово место се појави уште еден жесток нокаутер. Сергеј Павлович забележа серија од победи со тежок нокаут и стана претендент за појасто. Во март беше резерва за борбата за титулата меѓу Џон Џонс и Сирил Гане.

Услугите на Палович не беа потребни, но пораката беше јасна. Сергеј ќе се бори за титулата во многу блиска иднина. Се чинеше дека веќе не може да се избегне дуелот меѓу Русинот и шампионот Џон Џонс. Но, лукавиот Американец реши да избере друг противник, Стипе Миочиќ.

Оваа идеја веднаш ја поддржа Дана Вајт. Се шпекулираше дека Миочиќ и Џонс ќе се борат во јули, а двајцата се согласија. Работите пропаднаа и се зборуваше за ноемвриска борба во Њујорк. Сега има информации дека во 2023 година нема да ја гледаме борбата на двајцата легендарни борци.

Шефовите на УФЦ не се задоволни од оваа ситуација. Двократниот претендент за титулата во УФЦ, а сега коментатор и аналитичар Чаел Сонен откри интересен пресврт за претстојната борба на Џонс.

„Слушам упорни гласини дека Стипе Миочиќ и Џон Џонс нема да се согласат за борба. Престемтката меѓу Сергеј Павлович и Џон Џонс ќе се случи во август. Гласините се доволно солидни за да се каже дека работат на тоа.

Не знам во која фаза се преговорите, но има планови“, изјави Сонен.

Однесувањето на Миочиќ навистина покренува големи прашања. Миочиќ молчи на социјалните мрежи, не зборува во медиумите. Ќе видиме што ќе се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО