Центарот за боречки вештини Бушидо од Струга прослави 20 години посотоење

Вчера Центарот за боречки вештини Бушидо од Струга одбележа 20 години посотоење.

„Клубот е формиран точно пред 20 години, на 26 мај 2003 година, лично од мене како тренер, Сотир Настоски, роден стружанец, каде се уште се тренира  кик бокс, карате, тае бо и ММА. Ценатрот брои над 60 членови – рекреативци и натпреварувачи“, вели првиот човек на ЦБВ „Бушидо“, Сотир Настоски.

Тој истакнува дека центарот има постигнато многу резултати во разни спортови, на домашно и на меѓународно ниво, а членовите имаат дадено голем придонес за репрезентациите на Македонија во карате и во кик бокс.

„Како прв спорт од мали нозе ми е каратето, а почнав да тренирам од шестата година па се до денес. Членував во Карате клубот Струга, каде што главен инструктор беше Славољуб Чаторошкоски. Во 1985 година положив за жолт појас, додека за последниот – црн појас 4 дан во 2007 година. Бев член на шотокан репрезентацијата на Македонија од 1995 до 1998 и на Кик бокс федерацијата на Македонија од 1998 до 2006 година и имам учествувано на повеќе натпреварувања од државни, балкански, европски и светски карактер“, вели Настоски и додава:

„Најголем успех ми е вицешампион на светот во борби во дисциплината карате поинт во категоријата до 79 кг во 2007 година во Италија на ВТКА првенството“.

Настоски истакнува дека голем интерес посетувал разни семинари за боречки вештини во и надвор од Македонија.

„Целта ми е и понатаму да сме активни во сите спортови, без разлика на финансиската состојба“, нагласува Сотир и изразува благодарност до Ипон.мк што покажува инерес за развој на сите боречки вештини во Македонија!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON