Цените на билетите за спектаклот во Њујорк меѓу Миочиќ и Џонс се движат од 700 до дури 9.000 евра

Американско-хрватскиот борец Стипе Миочиќ наскоро ќе се врати во октагонот, и ќе се обиде да го врати појасот на шампионот на УФЦ во тешка категорија против Џон Џонс.

Боречкиот спектакл на најголемата светска ММА организација ќе се одржи на 11 ноември во Медисон сквер гарден во Њујорк.

Миочиќ се враќа на борбите по две и пол години. Во март 2021 година тој загуби со нокаут во втората рунда против Френсис Нгану, кој оттогаш ја напушти промоцијата.

А можност да го освои појасот доби Џон Џонс, кој во март годинава го заврши мечот против Сирил Гане со гилотина за само две минути.

Џонс во мечот против Миочиќ влегува како голем фаворит кај обложувалниците.

Билетите за настанот УФЦ 295 во Њујорк неодамна се пуштени во продажба, а цените се доста високи.

Имено, најевтиниот билет за овој боречки спектакл е 700 евра, додека за поголем дел од трибините се движи меѓу 1000 и 2000 евра.

Оние кои сакаат да бидат најблиску до арената ќе мора да издвојат – 9.000 евра!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО