Бутелчани го пречекаа својот херој Дејан Георгиевски. Стотици граѓани на населабата и членови ТК Бутел му приредија незаборовен дочек пред црквата „Свети Јован“ со порака од Токио да го пречекаат на плоштад со медал од Олимписките игри.
Да потсетиме, вчера Георгиевски во Софија на европските квалификации го совлада олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан со што ја завери визата за Токио.
Тоа е историја за македонското таеквондо и македонскиот спорт.