Дејан Георгиевски: Јас живеев и ќе живеам за олимписки медал, пред и над се ЗА МАКЕДОНИЈА!

„Со ваков тим, со ваков темелен и долгогодишен план, со ваква поддршка од семејството, со ваква поддршка од сите вас, особено со моите тренери Борче и Дарко Костовски, оваа олимписка норма беше реална и остварлива работа на огромно задоволство на сите нас, пред се за Македонија“, напиша репрезентативецот во такевондо Дејан Георгиевски по освојувањето на олмписката норма на европските квалификации во Софија, Бугарија.

Во одлучувачката борба дејан го совлада олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербјџан со 13-6, со што испиша историја за македонското таеквондо и македонскиот спорт, бидејќи спортист роден во Македонија со децении нема освено олимписка норма.

„Кога почнав да тренирам имав сон да учествувам на Олимписки игри, кога станав европски сениорски шампион сонот порасна, тој е да донесам медал од олимписко игри!“, вели Дејан и додава:

„Во оваа прилика сакам од се срце да ви се заблагодрам на сите за огромната поддршка, да се заблагодарам на сите медиуми за нивната исто така огромна подршка, на сите оние кои ми помагаат и ќе ми помагаат во иднина, без вас сето ова би било помалку вредно.

Сакам од срце да се заблагодарам на Таеквондо клубот Бутел, на сите натпреварувачи таму. Во овој клуб ќе се родат многу олимпијци, убеден сум. Ете, се некако се погаѓа јас да го кршам мразот. Многу ми е жал што Филип Додевски со повреда беше спречен да оствари олимписка норма, сигурен сум дека сега ќе бевме двајца со норма“.

На тренерите им порача дека и понатаму ќе дадава се од себе и дека нивниот неверојатен труд, нивната пожртвувана посветеност и стручност ќе ја оправда максимално на олимписките игри во Токио!

„Јас живеев и ќе живеам за олимписки медал, пред и над се ЗА МАКЕДОНИЈА“!

„Почитувани денеска пристигнуваме во Скопје, многу ми е драго што се организира пречек на нашиот олимписки тим во мојот Бутел, би сакал да ве видам во што поголем број во 19 часот пред црквата Св. Јован! ЗА МАКЕДОНИЈА ! Слава на Господ“!

https://www.facebook.com/watch/?v=489376735446850&t=0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО