Бунтевска е балкански шампион, Михајлов вицешампион, Адеми бронзена

Марија Бунтевска освои златен медал, а Љупче Михајлов сребрен медал; Јусра Адеми бронзен (втор медал, бидејќи во борби освои сребрен), на Блаканското првенство за деца во Истанбул – Турција.

Бунтевска златниот медал го освои во кати за деца до 11 години, додека Михајлов со среброто се заќити во борби во категоријата до 47 килограми за родени 2005 година, а  Адеми во кати за 13 години.

„Ова ми беше сон што го реализирав. Овој успех немаше да го постигнам ако немав поддршка од моите родители и тренерот. Сега ќе работам уште повеќе за врвни резултати во иднина, како на европско и светско првенство“, изјави Бунтевска по освјувањето на златниот медал.

Да посетиме дека вчера освоивме сребро и три бронзи.

Јусра Адеми (-49 кг) сребрен медал деца до 13 години.

Адеми во финалето загуби од Ема Сгардели од Хрватска со 0-2. Таа преходно забележа три победи.

Марко Поптодоров бронзен медал во кати до 11 години.

Во борбата за бронзениот медал го совлада Балса Ѓоковиќ од Црна Гора со 3-2. Пртеходно имаше две победи и еден пораз.

Греса Мустафаи (+44 кг) бронзен деца до 11 години.

За бронзениот медал ја совлада Анџела Костиќ од Србија со 3-0. Таа во првото коло загуби од претставничка на Турција, а до борбата за медал во забележа една победа.

Исаки Сухејла (-39 кг) бронзен медал деца до 13 години.

Со 1-0 ја совлада Турчинката Суденаз Арслан, а пред тоа доби уште една борба во репасажот. На стартот имаше победа и пораз.

Ipon.mk/В.Д.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО