Бугарите прашаа за кого ќе се бори Андреа Нисева – за Македонија или Бугарија?!

Неодамна на Државното првенство на Бугарија во Стара Загора за борачки до 15 години штипјнаката Андреа Нисева (46 кг) која настапува за ДК Асеновград во силна конкуренција, во најбројната и најквалитетна категорија со 15 натпреварувачки, го освои златниот медал откако совлада  четири противнички.

Како што пишувавме порано, Бугарите сакаат талентираната борача да ја видат во ниваната репрезентација и тоа во најблиска иднина на Европското првенство за У-15 кое ќе се одржи од 16 до 19 јули во Загреб, Хрватска.

Бугарските стручњаци деновиве се обратиле до претседателот на БК Олимпија од Штип, матичниот клуб на Нисева, со прашање за која репрезентација ќе настапи Андреа.

„Здраво Маријан, разговарав со тренерите на Руен и на Средец и чекам да ми испратат. Нешто да прашам, прашува тренерот на Средец, Андреа за кого би се борела на меѓународен натпревар (ЕП-н.з.) за Македонија или Бугарија“, се вели во комуникацијата на Марјан Атанасов, претседателот на Олимпија со тренерите од Бугарија, кои појаснуваат дека конкуренцијата во соседната земја бега од нејзината категорија.

Атанасов пред извесно време за Ипон рече:

„Сакам да испратам и апел до АМС и диекторот Наумче Мојсовски, како и до Федерацијата, да се надминат самите себе и личните мисли и желби да ги стават во втор план.Да седнат и сериозно да размислат како понатаму и да донесат одлука во интерес на спортот и спортистите, како и во интерес на Македонија. Во најбрз можен рок  ја стават Олимпија како активен субјект во календарот на натпревари и веќе следниот викенд борачите да бидат на душекот, каде и е местото. Десетина борачи се веќе регистрирани во Бугарија и ќе ги имаат своите пет минути таму“.

Од друга страна, Атанасов не го напушта оптимизмот:

„Нашата цел е Европското првенство У-15 кое ќе се одржи од 16 до 19 јули во Загреб, Хрватска, се разбира, доколку биде избрана од страна на селекторот“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON