Бучим шампиони гордо го подигнаа трофејот прваци во Македонија во женска конкуренција за пионери на Државното првенство за У-15 што вчера се одржа во Кочани. Воедно, овој успех е посветен на покојниот Тони Танчев, основач на клубот.
Златни медали за Бучим шампиони освоија Стефанија Ефтимова, Спасија Василева и Божица Трајкова, сребрени Фросина Атанасова, Габриела Камчева, Глорија Стојанова и Бојана Петрова, додека со бронза се закити Михаела Георгиева.
Надица Петрушева, Еда Осман и Сара Костадинова беа петтопласирани.
Во машка конкуренција Димитар Атанасов го освои третото место, а Давид Стефанов 5-тото. Во Бучим шампиони сметаат дека ова се добри резултати за овие момчиња, затоа што имало по 12 и 14 натпреварувачи во категорија.
„Тренерот Христов Марјан, како што вети, за многу краток период со овој млад тим ги постигнува ветените резултати, но нагласува дека оваа екипа сака и може да го достигне врвот. Воедно им се заблагодарува на своите деца за секој труд што го вложија, без нив тој е ништо, а со нив е на врвот“, велат од клубот.