Поранешниот светски и европски прва во борење Бучим од Радовиш ги сумираше резутатите од минатата година, посебно во младите категории. Ако може да се суди по онаа народната „светот останува на младите“, тогаш Бучим треба да се надева на добри резутати во иднина и на сениорски план.
Така, на турнирот за кадети “Динко Петров“ во Стара Загора, Бугарија, Никола Петров во категоријата 58 кг и Ѓорги Јованов во категоријата до 69 кг ги освоија третите места, а на турнирот за кадети во април, во Солун, Грција, одличниот Јованов го освоил третото место во мошне силна конкуренција.
Ѓорги Јованов на Европското првенство за кадети во Самоков, Бугарија, е 5-то пласиран во силната конкуренција на борачи од 33 европски држави. За малку недостасувало да се бори во малото финале за медал.
Во август, на меѓународен турнир во Прилеп, каде што учествувале борачи од повеќе држави, надежите освоиле најмногу медали турнирот: 50кг Давид Банов 1-во место (деца), 50кг Ѓорги Божинов 1-во место (кадети), 69кг Фиданчо Јованов 1-во место (кадети), 66кг Мустафа Мемет 1-во место (младинци), 38кг Мартин Костадинов 3-то место (деца), 69кг Ѓорги Јосифов 2-ро место (младинци), 35кг Спасе Арсов 2-ро место (деца).
На меѓународниот турнир за кадети “Серафим Брзаков“ во Петрич, Бугарија во категоријата 50 кг Ѓорги Божинов го освоилл 2-то место, а на турнирот за млади надежи во Кошице, Словачка, Мемет Мустафа е трети, а на сениорскиот турнир во Косово, Мустафа исто така е трет.
На клупски план, младинците на БК Бучим-Радовиш се државни прваци. На изборните првенства за кадети, младинци и сениори, борачите на БК Бучим-Радовиш освоиле многу признанија, за што во клубот сметаат дека е знак оти иднината на борењето е во сигурни раце, и доколку се продолжи со вложувањето токму во овие категории и возрасти, многу брзо некој од надежите ќе успее да се искачи на пиедесталите на најсилните турнири и првенства во Европа.
„Во 2015 година целта на БК Бучим-Радовиш е работата со младите категории: деца, кадети и младинци и учество на повеќе силни межународни турнири“, истакна тренерот Тони Танчев.