Букав Банчамек ќе се бори за титулата на Енфужн до 70 килограми.
35-годишниот Тајлаѓанец на 9 март во Абу Даби ќе го предизвика Шпанецот Хунај Риска.
Во Обединетите Арапски Емирати појасот ќе го брани и шампионот до 60 килограми Илијас Енахачи против Тајланѓанецот Компетча Фаертекс.
На настанот на Енфужн во Ајндховен на 17 февруари ќе се одржат три борби за титула.
Двократниот победник на K-1 MAКС Енди Соуер ќе го предизвика шампионот во категоријата до 72,5 килограми Тајфун Озџан. Луис Таварес ќе го брани појаост против во тешка категорија против поранешниот шампион Исмаел Лазар, додека Португалецот Диого Каладо ја брани титулата во категоријата до 75 килограми против помладиот брат на Робин ван Росмален, Нурин.
Во суперборбите Алберт Краус ќе ги одмери силите со Нордин Бен Мохом.