Буакав Банчамек и Андреј Кулебин се бореа во Бејрут за титулата Феникс ФЦ шампион во мај тај.
И двајцата во овој меч влегоа со порази. Тајландецот беше ограбен против Ји Лонг во ноември, додека 32-годишниот Белорусин во септември во Париз загуби од Фабио Пинце.
По три рунди акција во главниот град на Либан судиите му ја доделија победата со едногласна одлука на Буакав.
Да додадеме дека Кулебин кон крајот на октомври во Сплит стана аматерски европски шампион во мај тај.
https://youtu.be/F_7p4YeMA_o