На УФЦ 180 во Мексико Сити денеска имаше и непријатни моменти на мечот во женска конкуренција меѓу Џесика Ај и Лесли Смит, откако Смит доби жестоки удари во увото, по шшто истече многу крв.
Ова беше крвав и жесток меч. Уште од самиот почеток, а за тоа сведочи крвавото уво на Лесли Смит. Џесика Ај во првата рунда со десно кроше го погоди увото на Смит, а потоа додаде уште неколку удари во ранетото место.
„Кога видов дека увото и е крваво, тоа стана мојата главна мета. Се обидував да го погодам истото место додека судијата не ја прекине борбата или додека увото не и падне“, изјави по мечот, Ај.
За среќа, борбата беше прекината во втората рунда, иако Смит жестоко се противеше на оваа одлука на судиите.