Бразилскиот УФЦ борец Бруно Силва го коментираше резултатот од борбата со Крис Вајдман, што се одржа ноќта меѓу 30 и 31 март во Атлантик Сити (САД).
Борбата заврши со победа во третата рунда на Вајдман. Првично победата беше прогласена со технички нокаут, но потоа резултатот беше преиначен. Официјалните лица објавија дека Крис остана победник, но со едногласна одлука на судиите. Силва протестираше по поразот бидејќи Вајдман го брцна во очи пред да го победи.
Сепак, тоа не го виде судијата, кој беше под сите критики во оваа борба. Силва не е задоволен од поразот и призна дека сакал да го истепа судијата:
„Судијата одсуди многу чуден меч. Неколку пати правеше грешки. Крис ми го заби прстот во око и борбата мораше да биде прогласена за пропадната. Верувам дека Вајдман нема да се согласи на реванш, но да видиме што ќе направи УФЦ во оваа ситуација. Верувам дека ќе донесат правична одлука. Отпрвин мислев дека судијата ја прекина борбата поради моето око, но потоа го видов Вајдман како слави.
Во тој момент многу се налутив и го повикав судијата да ја гледа снимката. Сакав да го удрам, но знаев дека тоа ќе ми ја уништи кариерата, па се воздржав. Подоцна ми кажаа дека резултатот е променет и ми олесна, бидејќи очекував борбата да биде прогласена за поништена. Но, тогаш ми кажаа дека Вајдман победил со одлука. Едноставно не можам да го сфатам.
Ме пикна прст во око во втора и трета рунда, а му дадоа едногласна одлука? Крис постапи нечесно. Судијата рече дека не можеш да се бори со прстите надвор, но тој така се бореше цела борба и потоа славеше како да ме нокаутирал мене“, изјави Силва.