Младите таеквондисти на „Бутел“ викендов на две страни од Балканот освоија медали. Секако, бронзите на Дарко Георгиев (-63 кг)и Ива Урдаревиќ (-54 кг) во јуниорска конкуренција на Балканското првенство во Тирана се од големо значење за клубот и македонското таеквондо.
Тренерот Константин Георгиевски водеше пет натпреварувачи на Балканското и освои две одличја, додека неговиот колега Иван Крстевски на Меѓународниот турнир „Хереа опен“ во Софија, Бугарија, со помладите натпреварувачи освои шест медали од 17-члената екипа .
Медали во пионерска конкуренција ги освоија:
-Ведрана Тунески -37 кг сребрен медал
-Лука Ушевски -44 кг сребрен медал
-Максим Пешевски -23 кг сребрен медал
-Матеа Стојчевска -25 кг бронзен медал
-Јован Спасовски -40 кг бронзен медал
-Бојан Петров -21 кг бронзен медал