Носителот на бронзениот медал од Европските игри во Баку, каратистот Мартин Несторовски, имаше прием кај градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, каде што е седиштето на неговиот матичен клуб Металург. Со Несторовски на приемот беа и неговите тренери Мирче Јанушевски и Драган Грдановски.
Градоначалникот Трајковски му го честиташе големиот успех на Мартин и на КК Металург.
Градоначалникот на Гази Баба нагласи дека Општината во изминатите години континуирано ги помага спортските клубови и поединци од нејзиното подрачје, истото ќе го прави и во иднина, а воедно се радува на постигнатите резултати на нејзините спортисти во државата и надвор од неа.
ipon.mk