Бронзен медал за Нуров на квалификацискиот турнир за Олимпијадата (ФОТО)

Nurov na piedestal vo Zrenjanin

Мохамедгаџи Нуров (-97 кг)по поразот во првата борба во слободен стил на квалификацискиот турнир во борење во Зрењанин, Србија, за Олимписките игри во Рио во репасажот се претстави во победничко издание и го освои бронзениот медал, колку за утеха, бидејќи само двајцата прво пласирани обезбедуваат виза за Олимпјадата.

Nurov so Mogi i Vrenezi

Нуров во кавлификациите загуби 4-2 од Полјакот Радослав Баран, кој с епласира во финалето и на к рајот стана победник совладувајќи го Ибрахим Болукаши од Турција со 5-0, а тоа му овозможи репасаж на нашиот репрезентаивец.

Нуров ја искористи дадената шанса и во репасажот го победи Романецот Михаел Манеа со 5-1, а во борбата за бронзениот медал го совлада Николај Цебан од Моладвија 0-0, кој се повлече.

Тој и другите борачи нареданата шанса ќе ја бараат на турнирите во Улан Батор, Монголија (22-24 април), и во Истанбул, Турција (6-8 мај).

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON