
На Меѓународниот меморијален турнир во борење „Дарко Нишевиќ“ во Зрењанин, Србија, Леон Манов од Балканец освои бронзен медал во категоријата до 51 килограм во грчко-римски стил.
На турнирот учествуваа над 180 борачи од Србија, Бугарија, Хрватска, Грција, Молдавија, Романија, Шведска, Украина, Италија, Унгарија и Македонија.

Балканец настапија со тројца натпреварувачи во грчко-римски стил и тоа: Леон Манов -51кг, Никола Гицев -55 кг и Христијан Димитриевски -92 кг, под водство на тренерот Виктор Богданов.
Од Балканец велат дека турнирот беше можност за обновување на традиционалната спортска соработка до клубот Пролетер од Зрењанин.а



