Бронзен медал за Кристијан Грозданов од Партизан-Кочани на „Никон опен 2018“

Каратистот на Партизан од Кочани, Кристијан Грозданов, ја продолжи традицијата на кочанскиот клуб на освојување медали од силните меѓународни турнири, освојувајќи го бронзениот медал Меѓународниот турнир „Никон опен 2018“ во Софија – Бугарија.

Грозданов настапи во категоријата до 45 килограми во конкуренција на 26 натпреварувачи.

Покрај Грозаднов, на Никон опен настапи и Ѓорги Петров кој се најде во категорија во која беа и балканските шампиони не успеа да дојде до медал. Тој загуби од претставникот на Кипар и не можеше да го продолжи натпреварувањето.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО