Хамза Јашари (-63 кг) го освои бронзениот на Балканското првенство во џудо за кадети во Кикинда-Србија.
Јашари во првата борба го совлада репрезентативецот на Романија со вазари на златен бод,односно во продолжение отккао борбата заврши нерешено. И во второто коло победи со вазари, но овој пат претставникот од Црна Гора, во третата загуби на 45 секунди пред крајот од џудистот од Турција, кој стана и балкански шампион. Оваа борба беше за влез во финалето.
Во борбата за бронзениот медал Јашари го совлада противникот од Бугарија со два вазари, односно ипон.
Ipon.mk/В. Д.