Македонските самбисти постигнаа забележителен успех на Европскиот самбо куп „Карпати“ во Романија. Далибор Богданов освои борнзен медал, додека Алберт Реџиќ е петти, а Омар Факиќ седми.
Богданов првата борба ја добива против натпреварувач од Украина, а во полуфиналето губи на поени од друг Украинец. Финалето му избега, но го освои бронзениот медал.
Реџиќ првата борба ја губи од Украинец, а во борбата за трето место губи од домашен борец. Факиќ е поразен од Укаринец.