Бронзен медал за Бобан Илиоски на Европското првенство во Словачка (ФОТО)

Бобан Илиоски (-81 кг, К1) го освои бронзениот медал на Европското првенство во кики бокс за сениори во Бартислава, Словачка, откако во полуфиналето загуби од Белорусинот Дмитри  Баранау со 0-3.

Така, Македонија освои два медала на Европскиот шампионат, бронзата на Илиоски и најмалку среброто на Димитар Ѓоргиев кој се пласира во финалето по победата над Србинот Милош Цвјетичанин со 3-0.

Утре Ѓоргиев во финалето за златниот медал ќе се бори со Рамазан Баксанов од Русија кој го совлада Полјакот Кацпер Фрачак со 3-0.

„Во првата рунда добро почна, наметна свое темпо и прв напаѓаше. Но, од втората дозволи Белорусинот да му наметне негово темпо. Нерешено беше цело време, а во втората половина на трета рунда поведе противникот и Бобан ја загуби борбата, изјави селекторот Дејан Митровски – Урко.

Резултати Европско првенство кик бокс – Словачка

-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Унал Озлеме (Турција) ¼ финале 3-0
Димитар Ѓоргиев – Милош Цвјетичанин (Србија) ½ финале 3-0

Финале
Димитар Ѓоргиев – Рамзан Баксанов (Русија)

-81 кг, К1
Бобан Илиоски – Гај Гошиќ (Хрватска) ¼ финале 3-0 (КО, Р2)
Бобан Илиоски – Дмитри Баранау (Белорусија) ½ финале 0-3

-57 кг, кик лајт
Филип Ризов – Матија Форнаро (Италија) 1/8 финале 1-2

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON