Бронзен медал за Блерина Сефери на Европскиот куп во Полска!

Blerina seferi so pehar

Тетовчанката Блерина Сефери, кој од неодмна зема германски пасош и настапува за германска екипа, на Европскиот џудо куп за кадети „Биелско Бијала 2015“ во Полска го освои бронзениот медал. Сефери во првото коло ја совлада Лудовица Лентини од Италија со еден ипон и еден јуко, а во второто коло беше подобра од Хелена Карис Кауп од Естонија освојуваќи еден ипон, додека во третото коло таа ја совлада Хрватката Тихеа Тополовец со еден ипон наспрема едно јуко.

Во полуфиналето Сфери загуби со еден ипон од Словенката Каја Кајзер, а во борбата за бронзениот медал ја совлада Александра Калета од Полска со еден ипон.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО