Берна Шерифовска го освои бронзениот медал на Балканското кадетско првенство У-18 во Крајова, Романија, што се одржа викендов. Таа во категоријата до 57 килограми во борбата за третото место ја совлада втората наша репрезентативка Амра Фејзула, која го зазеде петото место.
Садик Касамовски (-81 кг) е петти, а Абреша Реџепи (-57 кг) и Артан Рушити (-73 кг) се седмопласирани.
Според бројот на освоени медали, Македонија се најде на осмото место, а убедливо прва е Србија со 11 одликувања (5-1-5).
Еве го вкупниот пласман по број на освоени медали.
ipon.mk/В.Д.