Македонската младинска и сениорска кендо репрезентација се враќа со бронзениот медал на Александар Кесковски во јуниорска конкуренција од престижното отворено првенство во кендо „Трофеј на Белград“ во Србија.
Конкуренцијата беше многу силна, ако се има во предвид дека учествуваа европскиот шампион Франција, вице-шампиониот Полска, третопласираните Шпанија, Шведска, но и велесилата Унгарија.
Во индивидуалните натпревари во сениорска конкуренција, нашите репрезентативци, Андреј Атанасовски, Владимир Кесковски, Александар Петрески, Олег Бичковски, се изборија одлично стигнувајќи до осминафиналните натпревари.
На Трофеј на Белград учествуваат 28 држави со околу 350 натпреварувачи.
Ipon.mk/В.Д.