Бронза за Теодор Темелковски на „Купот на Републиките“ во Истанбул (ФОТО)

Теодор Темелковски (-55 кг) го освои бронзениот медал на силниот Меѓународен турнир во борење „Купот на Републиките“ во Истанбул, Турција.

Темелковски во првото коло беше слободен, а во второто загуби од претставникот на Узбекистан, но во борбата за бронзениот медал го совлада репрезентативецот на Бугарија.

„Среќен сум! Ова е најголем успех досега за мене, за клубот и за Македонија“, картко изјави за Ipon.mk Темелковски по совојувањето на медалот.

„Во мојата конкуренција имаше најдобри борби во 55 кг, учесниците кои ги освоија првото и второто место се носители на медали од светско првенство. За мене е добро што пробав да се борам со нив и да им пружам отпор. Овај турнир е доста силен е под капата на ОСБ и високо ниво се рангира“, додаде Теодор по извонредниот успех

Овој турнир е многу силен и е на рамниште на Европско првенство, бидејќи учествуваат сите нации што нешто значат во борењето.

Нусрет Џафери од водството на нашата репрезентација вели дека и утре имаме шанси да освоиме медал, посебно Фати Фјесели (60 кг), но не се мали шансите и на Столе Ефтимов (84 кг).

За Македонија настапуваат Столе Ефтимов од БК Спартак, Теодор Темелковски од БК 7 Мај и Фати Вејсели од БК Студеничани. Репрезентацијата ја води Нусрет Џафери од Тефејуз.

Ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО