Бронза за Петар Заборски во отворената категорија на Гран при Кроација, Фунакоши Гичин злато, Неделковски бронза

Петар Заборски го освои бронзениот медал во отворената категорија на Меѓународниот карате турнир „Гран при Кроација“ во Самобор, Хрватска, во која наградата за првото место беше 2.000 евра и му припадна на светскиот првак Иван Квесиќ од Хрватска, додека картистот на Макпетрол освои 500 евра. Александар Неделковски од Металург го  освои и вториот медал на ова натпреварување, денеска го освои бронзениот медал во кати во јуниорска конкуренција, а вчера сребрениот, но во сениори. Златен за ката тимот на Фунакоши Гичин – јуниорки.

Заборски во полуфиналето загуби од Анџело Квесиќ, со што во финалето имаше братска пресметка Анџело и Иван Квесиќ, а вториот бронзен медал го освои Анес Чонго од Босна и Херцеговина. Во оваа категорија се натпреваруваа 48 картаисти меѓу кои имаше врвни светски имиња.

Во отворената категорија се натпреваруваа и Петар Спасеновски – Макпетрол кој забележа две победи, а во третата беше поразен од Звонимир Живковиќ од Хрватска со 0-3.

Ката тимиот јуниорки го освои златниот медал. Во полуфиналето славеа над Словачка 4-1, а во финалето над Крањ од Словенија со 5-0. Во оваа конкуренција имаше 4 екипи.

Резултати:

Петар Заборски – Кардија Марко (Италија) 3-0
Петар Заборски – Маријан Логарушиќ (Хрватска) 3-0
Петар Заборски – Стефан Петков (Бугарија) 1-0
Петар Заборски – Енес Гарибовиќ (Хрватска) 1-1
Полуфунале
Петар Заборски – Анџело Квесиќ (Хрватска) пораз

Александар Неделковски – Михаел Екимовиќ (Хрватска) 4-1
Александар Неделковски – Јехун Исмаилов (Азербејџан) 2-3
Репасаж
Александар Неделковски – Давид Зеке (Унгарија) 5-0
Александар Неделковски – Балинт Меро (Унгарија) 4-1
За бронза
Александар Неделковски – Гергели Чичај (Унгарија) 4-1

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON