Бронза за Миха Зиков на „АДЦЦ Софија опен 2023“

Клубот за бразилско џиу џицу „Флоу џиу џицу“ имаше добар настап силниот Меѓународен турнир „АДЦЦ Софија опен 2023“ и освои еден бронзен медал во граплинг. Бронзата ја освои Миха Зиков.

„Нашите натпреварувачи Миха Зиков и Бојан Славевски прикажаа одлични и технички борби пропратени со солидни завршници на лост.

Судиската одлука при нерешен резултат во полуфиналниот меч беше пресудна за Миха Зиков да не продолжи во финалето за златен медал. Одличен натпревар со силна конкуренција“, вели тренерот Марјан Зиков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО