Бронер: Флојд е гениј, затоа се согласи да се бори со Конор

Поранешниот светски шампион во четири категории Адриен Бронер (33-2, 24 КО) го пофали својот добар пријател Флојд Мејведер за финализирањето на договорот за мечот со суперѕвездата на УФЦ Конор Мек Грегор.

Бронер во понеделникот изјави дека е заинтересиран за можноста да се бори во загревачките борби на вечерта, потенцијално против борецот на УФЦ Нејт Дијаз, кој минатата година доби лиценца и може да боксира.

Појавата на Бронер во борбената карта на вечерта е малку веројатна, бидејќи тоа треба да се случи за помалку од еден месец, бидејќи му претстои битка со шампионот на три дивизии Мајки Гарсија (36-0, 30 КО).

Неговата средба со Гарсија ќе се одржи на 29 јули во Беркли центарот во Бруклин, Њујорк. Сепак, Бронер чувствува дека може да земе учество и во вечерните часови на Мејведер, под услов да не заработи повреда и ја добие борбата со Гарсија.

На Бронер му се допаѓа идејата за средбата меѓу Флојд и Конор, бидејќи неговиот пријател ќе заработи над 100 милиони долари во борба што ќе биде исклучително лесна за него.

„Што можам да кажам? Мејведер е гениј“, изјави Бронер за СБС спорт и додаде: „По ѓаволите, ако не заработам повреда во битката со Гарсија, би сакал да се борам со некоја ѕвезда на УФЦ. Може пак да се јавам на Ал Хејмон и да му кажам да ми договори борба со Стеф Кари“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON