Брок Леснар позитивен и на вториот примерок

brock-lesnar-not

Работата за Брок Леснар е далеку од добра. Од УФЦ официјално објавија дека поранешниот шампион во тешка категорија на организацијата дал и втор позитивен допинг тест.

Пред неколку дена стана јасно дека Леснар не успеал да го помине вон натпреварувачкиот тест кој бил земен на 28 јуни – малку повеќе од десетина дена пред УФЦ 200 и мечот со Марк Хант. Пред неколку часови беше потврдено дека „The Beast“ не успеал да го помине и тестот што го дал вечерта пред борбата.

Засега знаеме дека Леснар дал позитивна мостра на една исто забранета материја и во двата примероци. Ова беше потврдено од УФЦ. Во оваа фаза името на материјата јавно не е објавена од Антидопинг агенција на САД, а тоа нема да се случи додека самиот Леснар не го направи тоа. Најверојатно, тоа ќе се случи за време на неговото сослушување.

Брок Леснар успеа успешно да помине преку неколку тестови откако го најави враќањето во УФЦ, пред да падне на два од нив. Борачот може да биде суспендиран да настапува во период од две години.

Еве е ја изјавата на УФЦ:

„Денеска УФЦ беше информиран дека Антидопинг агенцијата на САД (УСАДА) го информирала Брок Леснар дека неговиот натпреварувачи примерок од 9 јули 2016 на УФЦ 200 дал позитивен резултат на истата супстанца, како и претходниот од 28 јуни 2016 година, кој исто така беше позитивен.

УСАДА, независниот администратор на анти-допинг политиката на УФЦ, ќе се зафати со управувањето на резултатите и соодветна одлука во случајот. Важно е да се прецизира дека според анти-допинг политика на УФЦ, на спортистите и е дозволен целосен правен процес, пред да бидат изречени какви и да било е санкции. Спортската комисија на Невада исто така ја задржува својата јурисдикција по ова прашање, имајќи предвид дека примерокот е даден на УФЦ 200 во Лас Вегас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON