Во 2014 година, по повеќе од 50 години под акронимот „ФИЛА“ и 20 години како „Меѓународна федерација на здружени боречки стилови“, борењето избра ново име.
Новоto име на федерацијата, Обединето светско борење, едногласно беше одобрена од страна на земјите-членки на федерацијата минатата година во септември во Ташкент, за време на годишниот Конгрес на боречкото тело. Заедно со името дојде и новото лого, бои и веб-сајтот – секоја насочена кон ребрендирање на спортот борење за негов подем во иднина.
Во прилог на поддршка на ребрендирањето, Конгресот го избра Ненад Лаловиќ за претседател со шестгодишен мандат. Лаловиќ, кој го водеше движењето за повторно враќање на борење на Олимписките игри, беше привремен претседател од февруари 2013 година. Неговиот избор помогна во стабилизирањето на тековните промени, кои беа усвоени од страна на Федерацијата.
Под раководство на Лаловиќ во 2014 година, Обединетото светско борење ги прошири развојните програми за тренинг образование, создаде комуникации и маркетинг одделенија, се работеше за оптимален надзор на спортот и проширена дистрибуција на настаните.
Во декември , Спорт бизнис интернешенал го прогласи Лаловиќ за еден од првите десет иноватори во меѓународниот спорт.