Бриџис се појави само во долна облека, а тоа привлече големо внимание во јавноста и сите светски медиуми пишуваа за нејзиниот потег.
„Поените од оваа борба не завршија во моја корист, но многу почит за Шенон која беше одлична во рингот. За танго се потребни двајца“, кажа боксерката од Австралија.
За појавувањето во долна облека Бриџис кажа дека бил дел од тактиката да привлече големо внимание од светската јавност.
„Да бидеме искрени, ако бев облечена како и сите останати, никој не би го гледал овој меч. Може да ме критикувате колку сакате, но мора да признаете дека во спротивно немаше да знаете за мене. Секако, сега многумина се прашуваат која е девојката со тангите“, вели Бриџис.